Свет 15. април 2018. / 15:22

Торнада, бури и силни снежни ветрови хараат по Америка!

Торнада, бури и силни снежни ветрови хараат по Америка!

САД хараат силни бури кои донеле силни ветрови, снег, дожд и град…

Ширум централниот дел на САД хараат силни бури кои донеле силни ветрови, снег, дожд и град, однеле четири животи и предизвикале застој во воздушниот и патниот сообраќај.

Како што пренесува АП, на меѓународниот аеродром, во Сен Пол град во Минеаполис во Мисисипи, одложени се летовите поради силната бура и снежни наноси поради што оневозможено е да се исчисти пистата.

Во саботата бурата однела два живота во Лузијана, меѓу кои двегодишно дете која спиела во камкуќа врз која паднало дрво.

 

Во Висконти загинала жена во сообраќајна несреќа каде што изгубила контрола над своето возило на пат прекриен со снег во западна Набраска.

Возач на камион во Ајдахо исто така погинал откако изгубил контрола над возилото на пат покриен со снег во западна Набраска.

Во Арканзас во петокот поминал торнадо во градот Маунтинберг, при што повредени се најмалу четири лица.<br>Како што пренесуваат агенциите, таквите временски услови се очекуваат и за викенд во Минесота, Висконси и Мичиген пред да тргне бурата во државата Њујорк и Нова Англија.

Во северен Висконски паднал снег од 46 см. наведуваат агенциите.

Државната метеоролошка служба предупредува од можни поплави во близина на Мичиген и Висконси и Илиноис, каде што жителите на Чикаго предупредуваат на бранови кои можат да достигнат и до 5,5 метри.

Снег и силни ветрови со брзина од 80 километри на час зафатиле делови од јужна Дакота, втор дн по ред, каде што патувањата се невозможни.

Агенцијата наведува дека бурата оставила траг и во Тексас, во областа јужно од Далас каде што паѓало град со големина на јајаце од кокошка.