Свет 27. јули 2018. / 18:49

Топлотниот бран во Европа се посилен и се поопасен

Топлотниот бран во Европа се посилен и се поопасен

Средиштето на топлотниот бран се наоѓа во западниот дел на Франција, односно во источниот дел на Германија, а врвот на топлотниот бран се очекува денеска, но нема да попушти ниту за време на викендот. Метеоролошката страница „Акуведер“ објави дека исклучително високите температури се очекуваат и за време на викендот, а иста прогноза дава и „Сивир ведер Јуроп“.

Како што пренесува „Гардијан“ во Велика Британија паѓаат рекордите, а се појавиле и неочекувани проблеми од топлотниот бран. Температурите почнале да влијаат и на железничката инфраструктура, поради што возовите возат побавно. Проблемите не ги создава само температурата, туку и невремето и грмотевиците на северот од земјата.