Свет 14. јуни 2018. / 16:21

Тони Блер вели дека брегзит сè уште може да биде блокиран

Тони Блер вели дека брегзит сè уште може да биде блокиран

Најголемиот поборник за останување на Британија во ЕУ, Тони Блер, предупреди дека ЕУ е загрозена од левицата и од десницата и ја повика Европа да остане обединета и силна, тврдејќи дека брегзит сè уште може да биде блокиран, пренесува британски „Експрес“.

Блер вели дека Британија сé уште може да остане во ЕУ и дека шансите за поништување на волјата на 17,4 милиони луѓе всушност се зголемува. Тој рече дека политичкиот центар на Европа го стегаат од двете страни – како и од странските гиганти. Говорејќи на германскиот весник Стерн, Блер рече:

“Политичкиот центар на Европа е загрозен и од левицата и од десницата, и сега ќе имаме три гиганти- Кина, Индија и САД. Ако не сакате да бидете уништени од овие гиганти, само сојузи ќе помогнат. ”

Тој, исто така, предупреди за растечката привлечност на авторитарниот лидерски стил.

“Успехот на Доналд Трамп секако има врска со фактот што им се обраќа на граѓаните кои се чувствуваа маргинализирани. Но, тоа не објаснува сè. Другите објаснувања се дека тој вели: „Јас ги завршувам работите, ќе се справим со нив”. Така успева дури и ако не се согласуваме со него”, рече Блер.

Блер смета дека ова е причината зошто е од суштинско значење да се бориме против брегзит и декауспехот на обратниот процес е можен. Поранешниот премиер рече:

“Во овие времиња, сецесионистичките движења како овде или во Шпанија се едноставно лудост. [Самитот на Г7] покажа колку е важно Европа да остане обединета и силна. Брегзит го прави спротивното и јас го разбирам американското гледиште, но Европа мора исто толку ефикасно да ги брани своите сопствени интереси “.

Блер рече дека кампањата за блокирање на брегзит успевала и дека шансите за поништување на гласовите се зголемуваат.

“На почетокот на годината, мислев дека сме на 25 отсто, но сега мислам околу 40 отсто. Луѓето очигледно веруваа дека ќе бидеме послободни и посувери, но се покажа спротивнотој, нема да бидеме послободни”.