Свет 18. јули 2018. / 11:23

Тони Блер бара втор референдум за Брегзит

Тони Блер бара втор референдум за Брегзит

Борбата за надмоќ околу модалитетите за излез на Велика Британија од ЕУ повторно е целосно распламтена. Барањата за втор референдум се се погласни. Британската политика сѐ повеќе се заглавува во борбата  околу модалитетите на напуштање на Европскта унија. Како тврдокорните застапници на Брегзит така и проевропските пратеници тврдат дека го знаат најдобриот пат за излез од Унијата.

Во дискусијата сега се вклучи поранешниот британски премиер Тони Блер. Тој во втор референдум за Брегзит го гледа единствениот излез од заплетканата внатрешно-политичка ситуација. Сегашната политичка ситуација е „тотален хаос” и може да се реши само со втор референдум за излез на Велика Британија од ЕУ, рече Блер во интервју за новинската агенција Франс Прес.

Тој истакна дека сочувствува со конзервативната премиерка Тереза Меј. Таа е на функцијата во западната политика за која најмалку може да ѝ се завидува, рече Блер. Стратегијата на Меј да се стреми кон блиски врски со ЕУ по Брегзит е план кој никого не го задоволува. Покрај тоа, партнерите во преговорите во Брисел веројатно нема да го прифатат, рече Блер, кој ја предводеше британската влада од 1997 до 2007 година како лидер на левоориентираната Лабуристичка партија во Лондон.

Поранешната министерка за образование, Џастин Грининг, веќе предложи втор референдум за Брегзит во Долниот дом на британскиот парламент со цел да се излезе од заплетканата ситуација.