Нивната идеја е дека тротоарите треба да се слободни за луѓето да можат да минуваат без пречки.Името на овие паркинзи е Eco Cycle и кога се гледаат однадвор делуваат како големи телефонски говорници. Дури и ако се загледате внатре ќе помислите дека вратата не води никаде.
Реалноста е дека таа врата води до местото каде што секој може да го остави својот велосипед без тој да пречи никому, а во еден ваков „трезор“ може да се остават и неколку илјади велосипеди.
За само 8 секунди велосипедистите можат да го остават, односно да го земат својот велосипед за само 8 секунди. Толку време е потребно за велосипедот оставен на овој паркинг да се смести, односно да се пронајде од илјадниците велосипеди и да му се врати на сопственикот.Цената на месечната паркинг услуга изнесува само 25 долари, а во Јапонија во моментов има 50 вакви паркинзи за велосипеди.