Токио е најиновативен град во светот, покажа листата на компанијата „2thinknow“ која бодува 31 сегмент на индустријата и економијата на градовите и дури 62 индикатори на иновативност. Најголемиот јапонски град првпат се најде на врвот на листата, а од лани се искачи за две места.
Директорот на фирмата „2thinknow“, Кристофер Хире, рекол дека Токио, инаку, дом на големи компании како што се „СофтБанк“, „Тошиба“,„Сони“ и „Мицубиши“, се најде на првото место поради воведување на нови технологии.
„Усвоија паметна технологија и направија земјотрес во трендовите со роботиката и 3Д производството“, рекол Хире.
По Токио, следи Лондон кој лани беше лидер во иновации. Сан Франциско е на трето место, а лани беше на 4. место. По него следи Њујорк, а на 5 . место е Лос Анџелес.