Италијанските лекари во неделата рекоа дека лекот на Роше, Актемра, општо познат како тоцилизумаб, се покажал поефикасен во лекувањето на пациенти со корона вирус отколку хидроксихлорокин.
Лекот против маларија хидроксихлорохин кој беше споменуван од претседателот на Соединетите американски држави, Доналд Трамп, се користи за лекување на пациенти во САД и неколку други земји. Сепак, Американската администрација за храна и лекови предупреди за употреба на лекот надвор од болници или клинички испитувања, поради ризик од проблеми со срцевиот ритам.
Во меѓувреме, имуносупресивниот лек тоцилизумаб се користи за лекување на пациенти со Ковид-19 со сериозни симптоми во земји, вклучувајќи ги Кина, Италија и САД од март.