Свет 11. март 2021. / 10:04

Tочно една година откако СЗО го прогласи коронавирусот за пандемија

Tочно една година откако СЗО го прогласи коронавирусот за пандемија

Пред една година, на 11 март, Светската здравствена организација го карактеризираше новиот коронавирус кој брзо се шири низ целиот свет како „пандемија“, скоро три месеци откако светот стана свесен за првите случаи на нов вирус идентификуван во Кина. Соопштението минатата година испрати бранувања низ целиот свет, погодувајќи ги стопанствата и менувајќи го животот за милијарди луѓе.

-Во деновите и неделите пред нас, очекуваме да видиме зголемување на бројот на случаи, на смртни случаи, рече тогаш шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, додавајќи: „Никогаш претходно не сме виделе пандемија предизвикана од коронавирус. И никогаш порано не сме виделе пандемија што истовремено можеме да ја контролираме“.