Свет

Тинејџери брутално го претепале поранешниот британски амбасадор во САД

Тинејџери брутално го претепале поранешниот британски амбасадор во САД

Поранешниот британски амбасадор во САД Кристофер Мејер, се наоѓа во болница, откако брутално бил претепан од страна на две лица во лондонското метро.

Неговата сопруга изјавила дека повредите врз 74-годишниот Мејер се ужасни.

Британската полиција уапсила 15-годишна девојка и 16-годишно момче под сомнеж дека предизвикале тешки телесни повреди, пренесе АП.

Нападот се случил вчера вечерта, а полицијата соопштила дека повредите не се опасни по живот.