Поранешниот британски амбасадор во САД Кристофер Мејер, се наоѓа во болница, откако брутално бил претепан од страна на две лица во лондонското метро.
Неговата сопруга изјавила дека повредите врз 74-годишниот Мејер се ужасни.
Британската полиција уапсила 15-годишна девојка и 16-годишно момче под сомнеж дека предизвикале тешки телесни повреди, пренесе АП.
Нападот се случил вчера вечерта, а полицијата соопштила дека повредите не се опасни по живот.