Свет 07. август 2018. / 10:24

Тинејџер се заканувал со пиштол на продавач, украл 17 долари

Тинејџер се заканувал со пиштол на продавач, украл 17 долари

Тинејџер украл 17 долари од деветгодишен продавач на лимонада во Северна Каролина. Тoj со себе носел пиштол и на продавачот му се заканувал со пиштолот, по што ги зел парите и избегал.

Полицијата се надева дека со помош на видеоснимките од надзорните камери, ДНК и отпечатоци од прсти, ќе го открие идентитетот на тинејџерот и ќе го уапси.

Момчето кое продавало лимонада во изјавата за полицијата посочило: „Еден тинејџер со капа и црна кошула во саботата попладне го насочи пиштолот кон мене и ги зеде сите пари од касатa.“