Свет 10. ноември 2020. / 10:54

Тинејџер од Бангладеш уапсен во Виена – осомничен е за терористичкиот напад

Тинејџер од Бангладеш уапсен во Виена – осомничен е за терористичкиот напад

Осумнаесет годишен тинејџер од Бангладеш е приведен од страна на австриската полиција под сомнение дека може да е соработник во терористичките напади во Виена, во кои беа убиени четири луѓе, а многумина беа повредени.

Истак А., е еден од десетте уапсени на возраст помеѓу 16 и 24 години кои се осомничени за соучество во терористичкиот напад извршен од Кујтим Фејзули во Виена, претходната недела.

Уапсениот тинејџер претходно бил уапсен и осуден во октомври, под обвинение дека бил во соработка со ИСИС уште од март 2018-та, известува Кронен Цајтунг.

Според истражувачите, тинејџерот веќе објавувал и ширел разни видови на пропаганда на Исламската држава на интернет, вклучително и песни кои повикувале на насилен џихад против „неверниците“.

Апсењето на 10-те тинејџери доаѓа како дел од големата полициска акција за сузбивање на потенцијални исламистички терористички ќелии, предводена од австриската влада и Себастијан Курц.

Претходната недела, две џамии во Виена поврзани со радикални исламистички идеологии беа затворени од страна на надлежните, од кои едната била посетувана од напаѓачот Кујтим Фејзулаи, кој најверојатно се радикализирал во истата.

Австриските политичари велат дека целта на акцијата е да се „исечат корените на политичкиот Ислам“.