Свет 28. јануари 2021. / 09:19

Тимот на СЗО во Вухан излезе од карантин: Почнува истрагата за потеклото на коронавирусот

Тимот на СЗО во Вухан излезе од карантин: Почнува истрагата за потеклото на коронавирусот

Експертскиот тим на Светската здравствена организација (СЗО) денеска излезе од карантин во кинескиот град Вухан  и ќе почне со теренска работа во мисија за утврдување на факти за потеклото на вирусот.

Истражувачите, кои по пристигнувањето во Кина морале да поминат 14 дена во карантин, биле видени како излегуваат од хотелот и се качуваат во автобусот, но не е познато каде отишле.

Мисијата е под политички притисок бидејќи Кина се обидува да избегне обвинувања за наводни грешки во раниот одговор на пандемијата.

Главното прашање е каде кинеската страна ќе им овозможи на истражувачите да одат и со кого ќе можат да разговараат.