Свет 14. август 2020. / 15:45

Тихановска ги повика Белорусите да ја поддржат петицијата за повторно пребројување на гласовите од изборите

Тихановска ги повика Белорусите да ја поддржат петицијата за повторно пребројување на гласовите од изборите

Светлана Тихановска, белоруската опозиционерка и главен ривал на претседателот Александар Лукашенко, ги повика нејзините приврзаници да потпишат он-лајн петиција, со барање за пребројување на гласовите од минатонеделните претседателски избори, на кои верува дека победила.

Тихановска, која е во Литванија, ги повика приврзаниците да поддржат и официјална истрага за тврдењата дека изборите биле лажирани.

Таа повика на прекин на насилството на протестите, кои ескалираа откако Централната изборна комисија објави дека Александар Лукашенко е реизбран за претседател и им порача на градоначалниците на белоруските градови да организираат мирни протести овој викенд.