Свет 12. март 2019. / 21:38

Тежок пораз за Меј: Британскиот Парламент повторно гласаше против Брегзитот

Тежок пораз за Меј: Британскиот Парламент повторно гласаше против Брегзитот

Со 149 гласа разлика британските пратеници по втор пат го одбија договорот на премиерката Тереза Меј и ЕУ за Брегзит.

Против договорот за Брегзит гласаа 391 пратеници , а за излез на Британија од ЕУ беа 242 пратеници, овој пат со помала разлика отколку во јануари , кога прв пат го одбија Договорот за Брегзит.

Премиерката Меј рече дека претстои уште едно гласање што за тоа дали Британија да си замине од ЕУ на 29 март без договор или да се одложи Брегзитот на неодредено. Таа рече дека Унијата треба да знае колку би траело пролонгирањето на Брегзитот.

За опозицискиот лидер Џереми Корбин , поразот на Меј значи дека таа мора да побара предвремени парламентарни избори .

Меј пред гласањето изјави дека доколку и овој пат пратениците не го изгласаат подобрениот Договор за Брегизт , се соочуваат со одговорноста Британија воопшто да не ја напушти ЕУ.