Свет 07. март 2021. / 22:25

Тестирањето на нов лек против Ковид-19 дава позитивни и ветувачки резултати

Тестирањето на нов лек против Ковид-19 дава позитивни и ветувачки резултати

Фармацевтскиот гигант „Мерк“ и американската лабораторија вчера објавија напредок во тестирањето на орален лек против ковид-19, антивирусен лек што има позитивно влијание врз намалувањето на вирусното оптоварување.

– Бидејќи има потреба од антивирусен третман на САРС-КоВ-2, ние сме охрабрени од овие прелиминарни резултати“, рече Венди Пеинтер, официјален претставник на „Ridgeback Biotherapeutics“.

Мерк ја прекина работата на две потенцијални вакцини против ковид-19 кон крајот на јануари, но продолжува со истражувањето на два лека против оваа болест, вклучително и молнупиравир, развиени со американската фирма Риџбек био.

Лекот значително го намалува вирусното оптоварување кај пациентите по петдневно лекување, соопштила вчера компанијата на состанокот со експертите за заразни болести.

Втората фаза на тестирање е спроведена на 202 пациенти кои не биле хоспитализирани и имале симптоми на ковид-19.

Лековите против грип како што се оселтамивир (Тамифлу) и занамивир (Реленза) понекогаш се препишуваат против сезонски грип, а сега се прави обид да се најде лек против ковид-19.

– Резултатите од оваа студија ветуваат, особено побрзо намалување на вирусното оптоварување кај луѓе кои имаат ковид-19 во раните фази и кои добиле молнупиравис, вели Вилијам Фишер, еден од директорите на студијата и професор по медицина на Универзитет во Северна Каролина.

Мерк работи и на лекот МК-711 и првите резултати од клиничките испитувања покажуваат дека ризикот од смрт или респираторна инсуфициенција кај хоспитализираните пациенти со умерена или тешка форма на ковид-19 е намален за повеќе од 50 проценти, објави компанијата на крајот јануари.