Во изминатите десет дена во Вухан се тестирани шест и пол милиони луѓе за присуство на корона вирусот, а целта е да се тестираат сите 11 милиони жители на тој град.
Градската здравствена служба ги повика сите оние кои не биле тестирани да се пријават до среда, за да може да се изолираат сите што се заразени и немаат никакви симптоми на болеста.
Во последните десет дена во Вухан не е пријавен ниту еден случај на Ковид-19, но со тестирањата се откриени голем број на луѓе кои биле позитивни без да го знаат тоа, затоа што немале никакви симптоми.
Кампањата почна откако шест лица беа заразени во една зграда, а властите тогаш одлучија конечно да го прекинат синџирот на ширење на вирусот со тестирање на сите жители.
Во време на епидемијата, кога Вухан беше светски центар на заразата, во градот беа тестирани повеќе од три милиони луѓе.