Свет 22. декември 2020. / 10:52

Тестирани 40.000 во Австралија, а нови случаи на коронавирус има само во Сиднеј

Тестирани 40.000 во Австралија, а нови случаи на коронавирус има само во Сиднеј

Властите во Австралија тестираа 40.000 луѓе, а нови случаи на коронавирус има само во Сиднеј.

Сепак, овој град забележа најмал број на нови случаи на коронавирус во последните неколку дена – само 83.

Австралиските федерални држави и територии од вчера им забранија влез на жителите на Сиднеј поради случаите на коронавирус.

Авиокомпаниите ги откажаа летовите од и до овој град од полноќ по локално време, а многу граѓани се обидоа да го напуштат градот во последен момент и се направи метеж на аеродромите.