Американскиот производител на електрични автомобили Тесла официјално започна со производство на “Model Y“ во својата нова фабрика во Шангај. Веста ја објави самиот Илон Муск за време на официјалната церемонија во фабриката, објави Ројтерс.
Изградбата на првата фабрика за производство на автомобили надвор од Соединетите држави започна пред една година. И на крајот на 2019 година беа откриени и првите 15 автомобили произведени во фабриката.
Уште во 2018 година основачот на Тесла , Илон Муск објави дека работата на следниот кросовер модел, Tesla Model Y, ќе започне во 2020 година. Новиот компактен електричен кросовер е пониска класа од Model X . Покрај тоа, автомобилот може да се пофали со подобрен автопилот управуван од моќен компјутер, т.е. чија изведба е 40 пати поголема од сегашните модели на компанијата.