Свет 17. јуни 2018. / 19:09

Тесла во пламен на сред булевар (ВИДЕО)

Тесла во пламен на сред булевар (ВИДЕО)

Автомобил Тесла возен од британскиот ТВ директор Мајкл Морис се запали во Лос Анџелес, соопшти неговата сопруга, американската актерка Мери МекКормак, пренесува Би-Би-Си.

Таа преку социјалната мрежа Твитер објави видео од инцидентот.

-Не е несреќа, од никад, во сообраќај на булеварот Санта Моника. Му благодарам на добриот пар кој на сопругот му сигнализираше и му рече да застане, напиша таа.

Во инцидентот нема повредени, а Тесла соопшти дека ќе го истражи случајот.

Компанијата вели дека електричните автомобили имаат многу помала шанса да се запалат од оние на гориво.

Инаку, се работи за обичен автомобил, а не од оние кои имаат автопилот.