Првоаприлската шега на извршниот директор на „Тесла моторс“ Илон Маск, за тоа дека компанијата банкротира, може да го чини богатство.
Откако Илон Маск објави банкрот на „Тесла“, акциите на компанијата паднаа 2,5 проценти.
„И покрај напорите да се соберат пари, вклучувајќи ја и масовната продажба на велигденски јајца, жалиме, но мора да соопштиме дека „Тесла“ тотално банкротира. Толку банкротиравме што нема да поверувате“, објави Маск.