Свет 27. март 2020. / 10:47

Тесла крати 75% од вработените во „Гигафактори“

Тесла крати 75% од вработените во „Гигафактори“

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ планира да го намали бројот на работници во неговата фабрика за акумулатори во невада за околу 70 отсто заради пандемијата од корона вирусот, изјави регионалниот менаџер.

Ваквата одлука следува по соопштението на неговиот јапонски партнер за производство на акумулатори, Панасоник, дека оваа недела ќе го намали обемот на работа во фабриката во Невада, пред да биде затворена на 14-ет дена, пренесува Ројтерс.

– Тесла не извести дека следните денови во Гигафабриката во округот Стореј ќе го намали бројот на ангажирани работници во погонот за отприлика 75 отсто, напиша Остин Озборн во пост на веб страната на фабриката.

Никакви додатни детали не се наведени, па дури ни колку вработени има во фабриката.

Претходно „Рено Газет журнал“ пишуваше за планиран застој со производството во фабриката во Невада, наведувајќи дека Панасоник таму има околу 3.500 вработени, додава британската агенција Ројтерс.