„Тесла“ ги испорача своите први автомобили изработени во Кина, означувајќи голема пресвртница за производителот на електрични возила, објави Би-би-си.
Петнаесет возила од моделот 3 „седан“ беа предадени во таканаречената компанија „Гигафактор“ во близина на Шангај. Ова следи откако компанијата на Елон Муск има за цел да обезбеди значителен дел од најголемиот светски пазар на автомобили.
Потегот на „Тесла“ во земјата доаѓа откако трговската војна ги принуди другите американски компании да го префрлат производството надвор од Кина.
Tesla will deliver the first China-made Model 3 at Gigafactory 3 plant in Shanghai TODAY. The 15 customers who are slated to get their Model 3s first are Tesla employees. pic.twitter.com/bOTeR8wjUL
— Tesla China (@teslacn) December 30, 2019
За време на церемонијата во фабриката вредна неколку милијарди долари во Шангај, 15 нејзини вработени добиле автомобили што ги купиле.
Настанот значи дека испораките на автомобили започнаа нешто повеќе од една година откако започна изградбата на фабриката.