Свет 26. септември 2020. / 19:11

Терористот од Париз призна дека не можел да поднесе карикатури од пророкот Мухамед

Терористот од Париз призна дека не можел да поднесе карикатури од пророкот Мухамед

Мажот кој со мачета нападна и рани две лица во Париз соработува со полицијата и признал дека мета бил сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“.

Нападот се случил пред зградата во која исламистички милитанти во 2015 година пукаа врз вработени во магазинот поради објава на карикатура на која беше прикажан пророкот Мухамед.

Извор од правосудството рекол дека на осомничениот му е продолжен притворот. Според францускиот закон, на крајот од постапката ќе се соочи со формална истрага.

18-годишниот напаѓач кој бил приведен непосредно по нападот, е роден во Пакистан, а признал дека нападот го извел поради повторно објавување на карикатура на пророкот Мухамед во сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ и додал дека тоа „не може да го поднесе“.

Осомничениот соучесник на напаѓачот е пуштен утрово, додека е уапсено уште едно лице за кое се верува дека е цимер на напаѓачот во хотел северно од Париз.

Реакцијата на „Шарли Ебдо“ кој се пресели на тајна локација пред 4 години е на мета на закани од 2 септември, кога повторно објави карикатура на која е прикажан пророкот Мухамед, по повод почетокот на судењето на учесниците во нападот од 2015 година.