Свет 10. ноември 2020. / 12:19

Терористи обезглавиле 50 луѓе во Мозамбик

Терористи обезглавиле 50 луѓе во Мозамбик

Исламски терористи обезглавиле 50 луѓе во северниот дел на Мозамбик.

Група екстремисти, поврзани со Исламската држава, отвориле оган врз жителите на неколку села, а потоа преживеаните ги одвеле во фудбалското игралиште во селото Муатиде, каде што ги обезглавиле, објави „Би-би-си“.

Во провинцијата Кабо Делгадо судирите со екстремистичката група траат неколку денови.