Градот Џалалабад во источниот дел на Авганистан, денес повторно беше цел на повеќе часовен вооружен напад, овој пат на канцеларијата на бегалците. Според официјалните податоци, сите тројца напаѓачи загинале.
На безбедносните сили им требале повеќе од шест часа да ја преземат контролата над зградата каде што се засолниле бројни вработени и посетители.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
„Видов како од црна Тојота корола излегуваат три вооружени лица пред вратата на одделот. Еден веднаш се разнесе, а другите двајца влегоа во зградата“, изјави сведокот.
Според портпаролот на гувернерот на провинцијата Атаулаху Хоџијани, вториот напаѓач наскоро го усмртиле безбедносните сили кои потоа го убиле и третиот напаѓач.
Портпаролот на Министерството за бегалци и повратници во Кабул изјави дека „за жал, според првичните информации има жртви меѓу вработените“.