Приврзаник на Исламска држава, кој планирал да убие 100 луѓе во спектакуларен терористички напад во Лондон, е осуден на 15 години затвор.
Осудениот, 27-годишниот Луис Ладлоу, претходно се изјаснил за виновен за подготовка на терористички напад и собирање средства за Исламска држава. Полицијата ги пронашла искинатите планови за напад во канта за отпадоци.
Обвинителите тврдат дека Ладлоу напишал дека Оксфорд стрит е идеална цел, бидејќи може да се убијат речиси 100 луѓе. Ладлоу имал и список на потенцијални цели, меѓу кои биле и музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ катедралата на Свети Павле и шиитскиот храм во источен Лондон.
Тој планирал да замине на Филипините а на Фејсбук направил страница преку која собирал пари за екстремистите на Филипини.
Ладлоу е уапсен во 2018 година и обвинет за планирање напади. Тој пред судот рекол дека еден екстремист од Филипини го присилил да го изведе нападот. Но судот навел дека неговата посветеност на насилниот екстремизам е многу длабока и го осуди на доживотна казна. Првите 15 години, осудениот нема да има право да бара условно ослободување.