Свет 28. август 2018. / 12:36

Тереза Меј: Не е крај на светот ако нема договор за Брегзит

Тереза Меј: Не е крај на светот ако нема договор за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј смета дека не е ништо страшно доколку не биде постигнат договор со Европската Унија. Меј денеска изјави дека не е крај на светот доколку Британија не постигне договор со Европската Унија за Брегзитот.

Британскиот министер за финансии, Филим Хамонд рече дека премиерката во суштина ја повторила изјавата на директорката на Светската трговсјка организација дека излегувањето на Британија од Европската Унија ,,нема да биде лесна прошетка” , но нема да се случи ниту крај на светот.