Свет 28. јануари 2019. / 20:45

Тереза Меј на 13 февруари планира повторно гласање за Брегзит

Тереза Меј на 13 февруари планира повторно гласање за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека за 13 февруари планира повторно гласање за Брегзит.

Меј им рекла на конзервативните пратеници дека на 13 февруари планира ново гласање во Парламентот за нејзиниот договор за Брегзит, јавуваат британските медиуми , повикувајќи се на неименувани извори во лабуристичката партија.

Договорот пред десетина дена беше отфрлен до големо мнозинство гласови од пратениците во Долниот дом на Парламентот , со што Британија се најде во правен ќорсокак.

Брисел не планира да и овозможи на Британија повторени преговори за Брегзит , откако кон крајот на минатата година беше постигнат договорот со Владата на Меј.