Британската премиерка Тереза Меј ја загубила поддршката од речиси сите министри од Кабинетот поради Брегзит – објави Дејли меил.
Само двајца министри се’ уште и’ даваат поддршка на Меј. Останатите „загубиле доверба во нејзината способност да раковод, нагласува извор за весникот.
Министрите сакаат Меј да поднесе оставка не подоцна од јули за да може следниот лидер на Конзервативната партија да ја спроведе следна етапа од преговорите за напуштање на Европската унија ако Парламентот одобри брегзит без договор со Брисел.