Свет 21. јануари 2019. / 10:41

Тереза ​​Меj има план Б за Брегзит

Тереза ​​Меj има план Б за Брегзит

Британската премиерка Тереза ​​Меj денеска во Парламентот ќе го претстави Планот Б за напуштање на Европската унија, откако пратениците го отфрлија договорот со Брисел.

Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската унија на 29 март без договор, ако Мај не успее да ги убеди пратениците да го прифатат договорот или да создадат алтернативен план што би бил прифатлив за Брисел.

Ако се оствари таканаречениот „тврд Брегзит“, Обединетото Кралство би можело да го изгуби привилегираниот пристап до најголемиот пазар за извоз, што ќе влијае на секој сектор.

Во Брисел засега немаат намера да ги отворат преговорите за Брегзит, бидејќи лидерите на Европската унија постојано истакнува дека постигнатиот договор, што го отфрли британскиот Парламент, е најдобриот можен.