Свет 30. ноември 2018. / 21:40

Тепачка за пари: Банкомат делеше банкноти од 100 долари

Тепачка за пари: Банкомат делеше банкноти од 100 долари

Полицијата минатиот понеделник мораше да го блокира целото соседство во американскиот град Хјустон откако социјалните мрежи ја раширија веста дека банкомат дава банкноти од 100 долари наместо банкноти од 10 долари.

Бенк оф Америка, на чиј автомат имаше грешка, брзо издаде соопштение дека за случајот е одговорен службеник на банката, кој на местото каде што стојат банкноти од 10 долари ги ставил оние од 100 долари, истакнувајќи дека проблемот е решен.

Сè започна во неделата вечер околу 23 часот, кога еден граѓанин сакаше да подигне 20 долари од банкомат. Наместо две банкноти од 10 долари, тој добил две банкноти од 100 долари. Тој ја објавил својата добивка на социјалните мрежи, а пред банкоматот се собрала толпа луѓе и започнала тепачка.

Од банката одбија да коментираат колку пари се подигнати од банкоматот за два часа, колку што и било потребно на полицијата да ја разбрка толпата. Исто така, банката не побара од граѓаните да ги вратат парите, така што среќните добија прекрасен подарок пред Божиќ.