Свет 16. јуни 2020. / 12:06

Тензии меѓу Делхи и Пекинг: Убиени тројца индиски војници

Тензии меѓу Делхи и Пекинг: Убиени тројца индиски војници

Тројца индијски војници се убиени во судир на кинеската граница, соопшти индијската армија. До инцидентот доаѓа по неколку недели засилени тензии и распоредување илјадници дополнителни војници од двете страни на границата, пренесува АФП.

Инцидентот се случил во северниот регион Ладак, кој е дел од спорниот Кашмир.

-Вооружениот инцидент се случил во понеделникот вечерта. Жртвите од индијска страна се еден офицер и двајца војници, соопшти претставник на индијската армија.

Од своја страна, Кина, пак, ја обвини Индија дека не ја почитувала границата и оти навлегла на кинеска територија „напаѓајќи кинески војнции“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лицјан изјави дека индијските војници на двапати ја преминале границата и притоа „провоцирале и нападнале кинески војници, што прераснало во серозен физички судир меѓу пограничните сили на двете држави“.

Според Индија, жртви имало и на кинеска страна.