Свет 07. јануари 2019. / 11:04

Тенкови низ улиците: Војните сили извршија државен удар во Габон

Тенкови низ улиците: Војните сили извршија државен удар во Габон

Војните сили во Габон соопштиле дека ја превземале контролата над Владата. На улиците на главниот град Либрвил се наоѓаат тенкови и други вооружени возила.

На програмата на државната телевизија се појавиле војници кои соопштиле дека е изведен државен удар за да се врати демократијата во државата.

На програмата се појави војник кој соопшти дека војската го превзеде владеењето над државата, соопшти АП.

Претседателот Али Бонго кој на таа позиција е веќе 10 години, е надвор од земјата од октомври минатата година, а медиумите соопштуваат дека можеби добил мозочен удар. Тој на жителите на Габон им испратил новогодишна честитка од болница во Мароко.