Свет 25. февруари 2018. / 11:03

TЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ ДО -18: Издаден аларм за четири градови во Хрватска (ФОТО)

TЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ ДО -18: Издаден аларм за четири градови во Хрватска (ФОТО)

Студот и снегот алармантни за четири градови во Хрватска.

Хрватскиот метеоролошки завод издаде предупредување дека во среда се очекува студен бран кој може да биде многу опасен за здравјето на луѓето. Алармот е вклучен за четити хрватски градови како  Загреб, Карловац, Госпиќ и Сплит. Според хрватските медиуми, вакво предупредвање досега не е издадено.

Како што известуваат хрватските медиуми, за во среда се најавуваат екстремно ниски температури какви што немало зимава. Жителите на Загреб ќе се пробудат на температура од -17 степени, додека во Вараждин, Карловац и Плитвице температурите ќе паднат до – 18.

Хрватска и утрово се разбуди со ниски температури. -2 степени се измерени во Ријека, -7 во Загреб, 0 во Сплит, Осијек -5 степени.

На повеќе локации денеска паѓа снег.