Свет 14. мај 2018. / 21:20

Тело на девојче најдено во контејнер

Тело на девојче најдено во контејнер

Телото на 7-годишно девојче пријавено за исчезнато во саботата е најдено во контејнер, информираше австриската полиција.

Тоа е најдено во областа Дублинг кога ѓубреџии дошле да го испразнат контејнерот.

„Малото девојче последно било видено до 15 часот во петокот. Пријавена е за исчезната во 23.30 часот од роднини“- велат од полицијата.

Контејнерот каде е најдено нејзиното тело завиткано во пластична вреќа е многу блиску до блокот згради каде живеела.