Свет 14. септември 2018. / 13:07

Тела на 21 мигрант исфрли Средоземното море

Тела на 21 мигрант исфрли Средоземното море

Телата на 21 лице за кои се претпоставува дека се мигранти кои се обидувале да стигнат до Шпанија, водата ги исфрли овој месец на брегот на Средоземното Море, објави Агенцијата за миграции на ОН во петокот.

Со овие последни жртви на мигранти во Медитеранот, бројот на смртни случаи оваа година се зголеми на 1 586, според Меѓународната организација за бегалци (ИОМ).