Крајбрежните делови на американската сојузна држава Тексас се подготвуваат за ударот на ураганот „Хана“, што според американскиот Национален центар за набудување на ураганите се очекува вечерва по локално време.
„Хана“ утринава беше класифицирана како тропска бура, а се наоѓаше на околу 145 километри источно-североисточно од Порт Мансфилд, во Тексас, предизвикувајќи ветрови со бризина од околу 120 километри на час, пренесуваат британските медиуми.
Од Центарот, чие седиште се наоѓа во Мајами, соопштија дека се очекува ураганот дополонително да се засили пред да го погоди копното, но потоа, движејќи се на копно, брзо ќе ослабне.