Мајка на две деца, на возраст од две и четири години, на кратко го напуштила својот автомобил оставајки ги децата на задно седиште. Пред да влезе во локалната продавница, приметила како возрасен човек влегува во возилото и се обидува да го стартува. Нејзината брза реакција го изненадила потенцијалниот крадец и киднапер, кој се обидел да ја нападне, но бил совладан од нејзиното оружје кое го поседувала легално. (клик линк)
Настанот се случил вчера во околината на Далас, пред продавница лоцирана во бензинска пумпа, околу 10 часот навечер по локално време. Очевидци велат дека прво слушнале гласно предупредување од мајката која се заканила со оружје, по што следувале неколу истрели кон криминалецот.
Телевизијата ФОКС ЊУС вели дека криминалецот некако успеал да тргне со возилото, но сепак удрил во соседниот ресторан. Според истата телевизија, криминалецот им подлегнал на повредите. Според законите на сојузната држава Тексас, оваа жена не смее да сноси никакви правни последици поради ваквиот настан. Оружјето е релативно лесно достапно речиси на целата територија на САД, додека вестите кои доаѓаат кај нас, воглавно се однесуваат на негова злоупотеба. Вистината е сепак поинаква, односно најголемиот број жртви од огнено оружје во САД, страдаат на ваков начин, како криминалци. Жените кои се вооружени, се сепак најзаштитени од насилство.