Свет 11. мај 2018. / 10:02

Техеран: Сирија има право да се брани

Техеран: Сирија има право да се брани

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека го поддржува правото на Сирија да се брани од израелската агресија и ја обвини меѓународната заедница.

– Иран остро ги осудува… нападите (на Израел) врз Сирија. Молкот на меѓународната заедница ја охрабрува агресијата на Израел, Сирија ги има сите права да се брани, изјави портпаролот на иранското Министерството за надворешни работи, Бахрам Касеми.

Израелската армија вчера соопшти дека нејзини авиони бомбардирале десетина ирански цели во Сирија, како одговор на ракетирањето на израелските позиции на Голанска Висорамнина.