Свет 07. септември 2020. / 21:46

Тедрос: Светот мора да биде поподготвен за следната пандемија после Ковид-19

Тедрос: Светот мора да биде поподготвен за следната пандемија после Ковид-19

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека светот мора да биде подобро подготвен за следната пандемија, повикувајќи ги земјите да инвестираат во јавното здравство.

Ова нема да биде последната пандемија, рече Тедрос на брифинг во Женева. Тој истакна дека историјата нè учи дека епидемиите и пандемиите се животни факти. – Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен од што беше овојпат, потенцираше Тедрос.