Свет 18. февруари 2020. / 13:39

Таткото на Асанж се плаши од можна смртна казна за неговиот син во САД

Таткото на Асанж се плаши од можна смртна казна за неговиот син во САД

Таткото на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, Џон Шиптон, изрази загриженост дека неговиот син ќе се соочи со смртна казна доколку биде екстрадиран во САД.

Во интервју за Би-Би-Си, пред контроверзното сослушување за екстрадиција што треба да почне следната недела, Шиптон нагласи дека е загрижен за здравјето на Асанж затоа што бил „постојано анксиозен“.

САД го бараат Асанж по 18 обвиненија за обид за хакирање, истекување информации и кршење на Законот за шпионажа.