На жените пратенички во Танзанија им е забранет влез во парламентот со вештачки нокти и трепки, објави Би-би-си.
Забраната е воведена од страна на претседателот на парламентот, Јоб Ндугаи, откако заменик-министерот за здравство изразил загриженост во врска со ризиците што вештачките нокти и трепки би можеле да ги имаат по здравјето.
Забраната ќе важи и за посетителите во парламентот.</p><p>Покрај тоа, на жените пратенички во Танзанија им е забрането да носат кратки здолништа и фармерки кога влегуваат во зградата на највисокото законодавно тело.