Свет 19. ноември 2018. / 16:17

Танзанија: Светска Банка не ја прифаќа забраната за бремени девојки да се образуваат

Танзанија: Светска Банка не ја прифаќа забраната за бремени девојки да се образуваат

Африканскиот потпретседател на Светска Банка, Хафез Ганем, изјави дека Танзанија ќе добие заем од 300 милиони долари за подобрување на образованието, но откако ќе дозволи пристап на мајките тинејџерки во училиштата.

Ганем се сретна со претседателот Џон Магуфули во Дар ес Салам за да разговараат за заемот, кој беше повлечен поради контроверзната политика на земјата која забранува тинејџерки кои се мајки повторно да почнат да одат на училиште по пораѓањето.

По состанокот, канцеларијата на претседателот излезе со соопштение во кое се вели дека банката се согласила да го даде заемот, а Магуфули инсистирал дека средствата воопшто и не биле повлечени.

Ганем ги објави деталите од неговата средба со претседателот Магуфули за весникот Ситизен, каде тој вели дека тие дискутирале за можни решенија за девојките да можат да се вратат во училиште.