Свет 02. ноември 2018. / 19:34

„Талибанскиот Татко“ убиен во Пакистан

„Талибанскиот Татко“ убиен во Пакистан

Исламскиот проповедник Мавлан Сами ул-Хак, познат во Пакистан како „татко на Талибанците”, е убиен со убод со нож во својата куќа во Равалпинди, соопшти неговиот син Хамид ул-Хак.

Портпаролот на убиениот проповедник Јусеф Шах изјави дека идентитетот на напаѓачите и нивниот мотив се уште не се познати.
Хак беше лидер на фракцијата на пакистанските Талибанци позната под името Исламска партија Џамиет-е-Улем.
Полицијата покрена истрага за убиството.