Талибанците ја презедоа контролата над градот на север од АвганистанОбјавено пред 13 минути – 10 септември, 2018Од Mak Fax
Талибанските милитантите ја презедоа контролата врз неколку воени бази и полициски контролни пунктови во Сар-е-Пула, главниот град на истоимената покраина во северниот дел на земјата, објавија државните претставници денеска.
Најмалку 17 војници загинаа во нападите што започнаа веднаш по полноќ, рече Асиф Садичи, член на покраинскиот совет.
Експертите веруваат дека Талибанците се насочени кон послаба и изолирана провинција за да ги деморализираат авганистанските сили и да ја прошират својата контрола врз територијата на земјата зафатена од војната.