Свет 23. април 2018. / 12:39

Тајна мисија: Норвешка обучувала бунтовници во Јордан да се борат против Асад

Тајна мисија: Норвешка обучувала бунтовници во Јордан да се борат против Асад

Сириската полиција наречена Револуционерна командна армија, која е тренирана од страна на Норвешка, која помага во рушењето на Исламската држава, сега води војна против сириското раководство и владините сили, известуваат норвешките медиуми.

Според нив, групата бунтовници сега отворено се бори за промена на власта во Сирија, а исто така е значаен и напорот на САД да се спречи иранското влијание во регионот.

Во мај 2016 година, најавено е дека норвешки војници ќе бидат испратени во Јордан, за да обучат, советуваат и оперативно да поддржат сириски паравоени групи, кои се борат против ИД, во склоп на операцијата “Inherent Resolve”.

Во јуни 2016 година норвешката влада исто така помагала слична мисија во Сирија. Иако досега норвешкиот допринос во Сирија формално заврши во март оваа година, во голема мера точниот степен и природата на учеството на Норвешка останува тајна.

Командантот на МаТ Муханад ал-Тала потврди дека неговата група е обучена од Норвежани во Ал-Танф во јужна Сирија, каде САД исто така имале база.