Свет 11. декември 2020. / 18:05

Тајм ги прогласи Џо Бајден и Камала Харис за личности на годината

Тајм ги прогласи Џо Бајден и Камала Харис за личности на годината

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден и неговата потпретседателка Камала Харис се личности на годината во избор на списанието Тајм.

Двајцата влегоа во историјата на 7 ноември кога го победија Доналд Трамп на претседателските избори. Харис стана првата жена, првата црнка и првото лице со азиско потекло што ќе биде потпретседател на Соединетите држави, пишува Си-Ен-Ен.

„Бидејќи тие ја сменија приказната за Америка, понудија визија за заздравување во тажниот свет и покажаа емпатија посилна од бесот на поделбата – Џо Бајден и Камала Харис се личност на годината за 2020 година“, напиша Едвард Фелсентал, главниот уредник на списанието.

Тој го именува Ерик Јуан, извршен директор на „Зум“, за претприемач на годината и активистите Асу Траоре и Порче Бенет-Беј и здравствените работници од првите редови во борбата против пандемијата, заедно со главниот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи за чувари на годината.

Традицијата за прогласување на навлијателна личност во списанието „Тајм“ започна во 1927 година, со титулата „Човек на годината“. Името подоцна беше сменето во Личност на годината, а Тајм му ја доделува таа титула на поединец, група, движење или идеја што имаше најголемо влијание во изминатата година.