Свет 01. март 2021. / 21:00

СЗО: Зголемен бројот на новозаразени, првпат по седум недели

СЗО: Зголемен бројот на новозаразени, првпат по седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека бројот на нови случаи на коронавирусот се зголемил минатата недела, првпат по седум седмици.

Тој го нарече таквиот пораст „разочарувачки, но не и изненадувачки“ и ги повика земјите да не ги ублажуваат мерките во борбата против ширењето на инфекцијата.

Досега во светот се регистрирани речиси 115 милиони случаи на Ковид-19, повеќе од 2,5 милиони се починати, а над 90,4 милиони се оздравени.