Свет 22. јуни 2020. / 11:31

СЗО загрижена: Вчерашниот ден со најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата

СЗО загрижена: Вчерашниот ден со најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во текот на вчерашниот ден регистрирала најголем дневен број на новозаболени од корoна вирус од почетокот на пандемијата.

Ширум светот во неделата се регистрирани повеќе од 183,000 нови случаи на позитивни на корона вирус.

Најмногу се пријавени во Бразил – 54.771 случаи, а потоа следат САД со 36.617. Повеќе од 15.400 заболени биле пријавени во Индија за еден ден.

Експертите велат дека зголемувањето на бројот на случаи може да е одраз на повеќе фактори, вклучително и повеќе тестирање, но и ширење на инфекцијата.

Досега од почеток на пандемијата, СЗО пријавила 8.708.008 случаи, од кои 183.020 во последните 24 часа.

Од појавата на вирусот, во светот се регистрирани 461.715 смртни случаи, а само вчера бројката се зголемила за 4.743. Повеќе од две третини од тие нови смртни случаи се пријавени во Северна и Јужна Америка.